Прв чекор на Ирак кон членство во ЕБОР

Ирак го направи првиот чекор да стане членка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Како што е објавено на официјалната веб-страница на ЕБОР, сегашните 71 акционер на таа мултилатерална финансиска институција го одобриле барањето за членство за време на денешното годишно собрание на Банката.

Ирак аплицираше за членство во април 2018 година.

Одборот на гувернери на ЕБОР денеска го одобри почетокот на првата фаза од процесот. Според соопштението, Ирак ќе мора да исполни некои услови за членство пред процесот на пристапување да заврши со добивање акции.

Минатата година, ЕБОР финансираше 452 индивидуални проекти во Европа, Азија и Африка, при што вредноста на финансирањето надмина 10 милијарди евра за првпат во историјата на Банката, искачувајќи се на 10,1 милијарди евра од 9,5 милијарди евра во 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот