Прв академски час на факултетите

УКИМ/ Фото: Архива на Слободен печат

 За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе ги поздрави со присуство на првите академски часови на платото на Правниот и на Филозофскиот факултет, а онлајн ќе се обрати и на првиот академски час на студентите на Економскиот факултет.

Од Правниот факултет соопштија дека на настанот ќе се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски, а од Филозофскиот факултет, кој годинава одбележува и сто години од основањето, најавија обраќање на министерката за образование и наука Мила Царовска. 

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” соопшти дека наставата во оваа академска година на дел од 23-те факултети ќе се одвива целосно онлајн, а на некои хибридно – онлајн и со физичко присуство поради природата на наставните содржини и методите на нивно изучување.

Свечен академски час денеска ќе организира и Факултетот за безбедност-Скопје при Битолскиот универзитет, кој ќе се одржи на факултетскиот стадион во населба Идризово. Од Факултетотот соопштија дека на врачувањето на индексите на нивните нови студенти ќе присуствува и ќе се обрати министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот