„Прозарт медија“ ја објави книгата „Љубовни аматери (Двонасочни новели)“ од Александар Прокопиев

????????????????????????????????????

Издавачката куќа „Прозарт медија“ ја објави книгата „Љубовни аматери (Двонасочни новели)“ од Александар Прокопиев. Станува збор за, како што пишува Фиона Сампсон: „…соновиден, опсесивен свет во кој сè има свое значење. Оваа техника не мистифицира ништо. Напротив, сè е поврзано. Прокопиев ни го нуди образецот на писателската сензибилност. Значењето на нештата е во нивната резонанца. И така, многу брзо, успева да нè заведе“.

Книжевната рецензентка Наташа Аврамовска за новата книга на Прокопиев напиша: „Оваа проза ја испишува историјата на запоседнувањето на сопствениот (љубовен) идентитет, оттаму исповедниот тон на јас-раскажувањето, кое како и секоја историја, допишува, домислува, станува мит – интертекстуално и автореференцијално мултиплициран, разигран и расплискан во жонглирањето со фрагментите на семиотичкиот ред, на нивото на нарацијата и, секако, на рамништето на нејзината рецепција“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 88, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 10-11 јули 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот