Провинција во северниот дел на Италија воведува полициски час

Италијанска полиција/Фото: EPA-EFE/Andrea Fasani

Гувернерот Арно Компатчер потпишал декрет со кој стапува на сила веднаш и го прави задолжително носењето маски на отворено доколку не е можно да се одржи растојание од еден метар, додека патниците во јавниот превоз мора да имаат маски FFP2.

Провинцијата во северниот дел на Италија во која главно се зборува германски јазик, која Италијанците ја нарекуваат Алто Адиџе, одлучи да воведе полициски час од 20 до 5 часот наутро во 20 црвени општини со висока стапка на инциденца и ниска стапка на вакцинација.

Новите мерки ќе стапат на сила во следните две недели.

Во црвените општини на луѓето им е дозволено да излегуваат на работа или за итни случаи, се додава.

Кафулињата и рестораните мора да бидат затворени до 18 часот. Во хотелите ќе може да се послужуваат гости и после тоа време. Забрането е танцување во дискотеки и одржување јавни културни, рекреативни и спортски настани во затворен простор.

Воведените мерки не се однесуваат на градинките и училиштата.

Компатчер веќе побарал од владата во Рим да им дозволи на регионите сами да воведат построги мерки против коронавирусот во одредени случаи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот