Проверете навреме: Овие два симптоми на мултиплекс склероза се јавуваат во 80 отсто од случаите

Мултипла склероза Фото: Picpedia.org

Иако е позната како многу непредвидлива болест, постојат некои симптоми на мултиплекс склероза за кои секој треба да биде свесен.

Болеста на централниот нервен систем го прекинува протокот на информации помеѓу мозокот и телото, велат експертите од Националното здружение за мултиплекс склероза на Велика Британија. Сè уште не е познато што го поттикнува имунолошкиот систем да почне да го напаѓа централниот нервен систем, што на крајот доведува до развој на мултиплекс склероза, но прекинот на комуникациските сигнали секогаш станува очигледно со текот на времето.

Кај 80 отсто заболени од мултиплекс склероза се појавува дисфункција на мочниот меур (бешиката), како и интензивно чувство на замор што го оневозможува нормалното функционирање во деловното и семејното опкружување.

„Симптомите на мултиплекс склероза се многу разновидни и непредвидливи. Не постојат две лица кои имаат идентични симптоми, а симптомите на секој поединечен заболен може да се менуваат и флуктуираат со текот на времето. Едно лице може да има само еден или два од можните симптоми, додека друго ќе има многу повеќе“, велат експертите од Британското национално здружение за мултиплекс склероза.

Заедно со заморот, многу лесно е возможно заболената личност да почне да има проблеми со одењето. Тешкотиите при одење може да бидат поврзани со неколку фактори, како што се слабост, грчеви, губење на рамнотежа, сензорни дефицити и замор. Несакани грчеви во мускулите, вкочанетост, проблеми со видот исто така може да укажуваат на МС. Проблемите со видот предизвикани од мултиплекс склероза може да вклучуваат заматен вид, слаб контраст, тешкотии во препознавањето на боите или болка при движења на очите.

Кај пациентите може да се појават и когнитивни промени, а исто така може да дојде и до развој на депресија, вртоглавица или гадење. Еден многу јасен знак за МС е таканаречената „МС прегратка“, која со медицинска терминологија се нарекува дизестезија. Тоа е чувство на стегнување околу торзото кое прави да се чувствувате како некој да ве стега цврсто во прегратка (а не е така).

Ако се сомневате дека имате еден или повеќе симптоми на мултиплекс склероза, треба веднаш да за тоа да разговарате со вашиот лекар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот