Проверени се 23 Бугари со имоти во Дубаи, вкупно 200 се на списокот

Фото: Unplash

Според неофицијални информации во Дубаи имаат имоти над 200 Бугари, а проверени се 23, изјави извршниот директор на Националната агенција за приходи (НРА) Борис Михаилов во програмата „Денот започнува“ на БНТ.

„Проверени се 23 Бугари со имоти во Дубаи. Има четири ревизии, се уште чекаме информација за една од нив. Досега се утврдени околу 100.000 лева, кои мора да се соберат. Наскоро ќе го имаме целосниот список на Бугари кои имаат имот во Дубаи. Според неофицијални информации, тоа се некаде околу 200 луѓе“, рече тој.

Инаку, заклучно со 17 март, од приходите се собрани 6 милијарди и 400 милиони лева. ДДВ е собран за 211 милиони лева повеќе од истиот период минатата година. Бугарскиот даночен обврзник стана многу полојален и покоректен, додаде Михаилов.

„За 2022 година приходите на агенцијата „Царина“ беа рекордни, близу 13 милијарди и 400 милиони лева, што дава над 42 отсто придонес во државниот буџет. За првиот квартал од 2023 година приходите се 500 милиони лева. повеќе отколку истиот период лани“, коментира директорот на агенцијата „Царина“, Павел Геренски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот