Протоколот за членство на Македонија во НАТО на 21 ноември во француското Собрание

Фото: МИА

Националното собрание на Франција на 21 овој месец ќе расправа и најверојатно ќе го усвои Предлог-законот за ратификација на протоколот за членството на Северна Македонија во НАТО, јави дописникот на МИА.

Предлог-законот на француското Министерство за Европа и надворешни работи со кој се ратификува Протоколот на НАТО за пристапување на Република Северна Македонија, веќе беше усвоен од Сенатот во Париз на 17 октомври, а тој се е во парламентарна процедура во Долниот дом на Парламентот, Националното собрание. По комисиските расправи, предложениот закон ќе се најде на расправа на собраниската седница на 21 ноември, кога се очекува и да биде усвоен.

Во образложението на Предлогот, дадено од француското Министерство за Европа и надворешни работи, пристапувањето на Северна Македонија во НАТО „ќе ја зајакне безбедноста на регионот и на Алијансата во целина”.

– Франција ќе остане особено будна во однос на клучните принципи на процесот на проширување на НАТО, а тоа се проценка на индивидуалните постигнувања на земјите кандидатки и нивниот придонес за безбедноста на евроатлантската област, се наведува во образложението.

По ратификацијата на Протоколот од страна на Франција, ќе остане уште тој да биде одобрен и шпанскиот Парламент, што се очекува да се случи до крајот на јануари, со што ќе заврши процесот на ратификација на документот во сите 29 земји членки на НАТО и земјава ќе стане полноправна членка на Алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот