Протокол за работа на ракометните клубови, може да се тренира во сала

Употребата на заштитни маски е задолжителна, освен за ракометарите кои се на терен во игра.

Објавен е протоколот за тренирање и натпревари кој го доби Ракометната федерација на Македонија (РФМ) од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Воведните мерки се одржување на тренинзи и натпревари без присуство на публика, потоа ќе се извршува тестирање на Ковид-19 пред почетокот на натпреварувањето.

Употребата на заштитни маски е задолжителна, освен за ракометарите кои се на терен во игра.

ТРЕНАЖЕН ПРОЦЕС

Тренажниот процес пред почеток на натпреварувањето пожелно е да се подели во три фази, како што следува:

– почеток на индивидуален тренинг на играчи во спортска сала, без физички контакт (3 дена)
– почеток на тренинзи во мали групи (најмногу 5 играчи истовремено) (7 дена)
– колективен тренинг со комплетен тим (доволен број на денови потребен за подготовка на екипата согласно индивидуална процена на тренерот). Доколку се променат рестриктивните мерки, процесот на тренирање може да претрпи измени.

Целиот протокол за работа на ракометните клубови при системот на РФМ за превенција и заштита од Ковид-19 можете да го прочитате на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот