Противпожарната единица на Град Скопје по 35 години доби дигитална централа

Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје по 35 години доби нова дигитална телефонска централа, која ќе ја замени старата, аналогна централа на која досега се примаа повиците за интервенции.

– Дигиталната централа е стигната. Треба да се монтира. Ќе имаме дигитална линија на 193 и сите повици ќе бидат снимени, односно ќе нема пријава на пожар што нема да биде регистрирана и снимена. Точно ќе знаеме кој се јавува и од каде се јавува, вели командантот на ТППЕ, Владимир Симоновски, во интервју за МИА што ќе биде дополнително објавено.

Посочува дека имале проблеми со старата централа и оти на нивно барање, Град Скопје ја има набавено новата централа.

Набавката на дигиталната централа ја најави и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на својата Фејсбук-страница во статус каде што говори за модернизацијата на Противпожарната единица на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот