Противпожарната бригада на Град Скопје ќе помогне во гаснењето на пожарите во Пехчево и Делчево

Противпожарно возило / Фото: МИА

Екипа од Противпожарната бригада на Град Скопје и три цистерни со вода од јавните градски претпријатија се упатија кон Пехчево и Делчево да помогнат во гаснењето на пожарите. Ова вечерва на Фејсбук го напиша скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

– Три екипи пожарникари со три возила на Противпожарната бригада на Град Скопје, придружувани со три цистерни со вода од јавните градски претпријатија, се упатија кон Пехчево и Делчево да помогнат во гаснењето на пожарите. Солидарноста на дело, напиша Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот