Против струмички полицаец се водат шест дисциплински постапки од вкупно 250

Фото: Архива на „Слободен печат“

Првиот човек на Независниот полициски синдикат, Гоце Делчев Тодев обвинува дека високо позиционираните припадници во Секторите за внатрешни работи покренуваат дисциплински постапки против полицајци, поради банални причини.

– Лице кое морало да оди во тоалет за време на изборите, а имал покритие на работното место, сепак завршил на дисциплинска постапка, вели Тодев.

Според статистиката на Синдикатот, во моментот се водат 250 дисциплински постапки против полициски работници. Против еден полициски служебник од СВР – Струмица се водат дури шест, а две од нив биле поништени во судска постапка, што според Тодев, ова докажува дека се работи за лоша проценка на претпоставените.

–  Морале тие две постапки кои се воделе против работникот, односно претставникот и член на претседателството на Независниот синдикат на полицијата да ги вратат, односно да се поништат како решенија, вели Тодев.

Од Синдикатот со посебен акт ќе го информираат и лично министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, бидејќи тој е потписник на решението за висината на казната које ќе ја добие службеникот против кој се води дисциплинската постапка.

– Не смее да остане на оној став што го добива како основа од страна на работниците кои едноставно водат хајка против неистомисленици во рамките на полицијата, вели Тодев.

Според него, случувањата во полицијата ќе се рефлектираат и врз безбедноста на граѓаните, бидејќи полицајците и инспекторите наместо да си ја вршат работата, се преокупирани со насоките на комисиите за водење на дисциплински постапки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот