Против Нексе шанса ќе добијат и помладите ракометари

Европскиот шампион влезе во турбо ритам, ракометарите речиси и да не добија шанса да го прослават вчерашниот триумф над Порто во Лигата на шампионите, веќе утре (20.45 ч.) ги очекува натпревар во СЕХА Лигата.

Противник на „црвено-црните“ е хрватскиот Нексе, а тренерот Давид Писонеро, најави дека шанса ќе добијат помладите ракометари.

– Имаме тежок распоред и затоа треба да играат сите ракометари. Вардар е навикнат на ваквиот распоред, а најголем проблем е тоа што на теренот ги немаме Стоилов и Толедо за да имаме поголема ротација. Кога правиме анализи разговараме, постојано зборувам дека сакаме да играат сите ракометари за да можеме да ги имаме сите во ротација. Вчера имавме тежок натпревар против Порто и мислам дека не очекува исто така силен натпревар и против Нексе. За нас победата е најважна и е приоритет. Сакам овој пат за разлика од вчерашниот меч кој беше исцрпувачки да играат повеќе ракометари. На вакви средби и помладите можат да добијат шанса. Сакам да ги пробам и сите пивоти, но и сите ракометари на другите позиции. Се надевам дека сите ќе имаат можност, но тоа ќе зависи од текот на натпреварот и од резултатот – вели Писонеро.

Екипата на Вардар во досегашните две кола во СЕХА лигата каде е бранител на трофејот, има половичен скор, победа над Пекинг Спорт Униерзитет и пораз на гостувањето кај Мотор Запорожје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот