ПРОТИВ МАСТИТЕ ВО ТЕЛОТО: Јадете од овие намирници секој ден

храна

Одредени намирници треба да бидат вклучени секој ден во вашето мени за да ви помогнат во побрзо согорување калории и топење на мастите.

ЈАБОЛКА

Содржат полифеноли кои го спречуваат складирањето на масти во телото, а во исто време ја одржуваат цревната микрофлора во здрав баланс.

ГРЕЈПФРУТ

Грејпфрутот го намалува нивото на инсулин во крвта, а со тоа се спречува и складирањето на масти околу стомакот. Исто така, го намалува апетитот.

ЈАЈЦА

Тие се богати со здрави протеини за кои телото треба да се „потруди“ за да ги согори и искористи.

ЈАГОДИ

Богати се со витамин Ц, кој е клучен во намалување на кортизолот, хормонот на стресот, кој е одговорен за складирање масти. Исто така, го одржуваат и здравото ниво на шеќер во крвта.

БОРОВИНКИ

Според многу студии, боровинките го спречуваат развојот на масни клетки во телото.

ОВЕС

Овесот содржи многу растителни влакна, а малку калории, па затоа е и одличен избор за појадок, за денот да го почнете со забрзување на метаболизмот.

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Соединенијата од зелениот чај влијаат вашиот метаболизам да работи забрзано и да ги согорува вишокот масти.

ЛУТИ ПИПЕРЧИЊА

Содржат капсаицин, кој заедно со ензимите и протеините од храната помага во разградување на мастите. Комбинирајте ги со јајца.

ЈОГУРТ

Добрите бактерии влијаат врз апсорбирањето на мастите. Комбинирајте јогурт со вашите оброци секогаш кога можете.

НЕМАСНО МЕСО

Содржи протеини кои имаат термогенерички ефект, благодарение на кој телото согорува калории. Најдобар избор се мисиркиното и пилешкото месо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот