Против Барселона играа гладни волци

EPA-EFE/PETER

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се потсети на пресвртот кој неговата екипа го направи во полуфиналето против Барселона на „Енфилд“.
Ливерпул на првата средба загуби со 3:0 но во реваншот пред своите гледачи успеа да направи вистински подвиг и да слави со 4:0, пресврт кој ги однесе во финалето и дуел со Тотенхем.

– Не разговаравме за елиминација на Барселона, туку само за победа. Знаевме дека одигравме добро на „Камп Ноу“ но загубивме. Иако тоа ни беше трет натпревар во шест дена, бевме подготвени. Ни помогна тоа што противник ни беше Барселона, па не ни требаше дополнителна мотивација. Кога фуриозно влеговме во наптреварот, помислив дека имам неколку гладни волци на теренот кои не јаделе ништо осум недели. Трчаа како манијаци – вели Клоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот