Протестот против Бреговиќ во Албанија неуспешен, се појавиле само четворица

горан бреговиќ корча
Горан Бреговиќ / ФОТО: EPA/CARLO FERRARO

Најавениот протест на социјалните мрежи во Корча, Албанија против Горан Бреговиќ не беше успешен, објави „Коссев“, повикувајќи се на „Клан Косова“.

Само три лица се одзвале на повикот на поранешниот пратеник Кујтим Ѓjузи, кој ја повикал и Полициската станица на Корча да одржи мирен протест оваа недела против пејачот поканет на „Фестивал на пивото“.

Тројцата се движеле по улица со транспарент на кој пишува: „Грегор Бреговиќ не е добредојден на Фестивалот на пивото, ако не се извини“.

Косовските медиуми со денови водат негативна кампања против Горан Бреговиќ, веднаш откако ја пренесоа веста од некои албански портали дека Бреговиќ доаѓа на познатиот пивски фестивал, пренесува порталот.

Бреговиќ е „обвинет“ дека е „инспиратор на масакрот во Косово“, „идол на убиствената српска војска за време на војните во поранешна Југославија”.

Општината Корча и организаторите посочиле дека тоа е одлука на општината и дека се работи за уметност, а не за политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот