Протестна прошетка на студентите во Нови Сад фото: Нова.рс

Протестна колона долга 3 километри: Фотографијата од воздух покажува колку луѓе имаше на протестната прошетка во Нови Сад

Во Нови Сад се одржа протестна прошетка наречена „4.000 наставници, 4.000 чекори“, на која учествуваа илјадници наставници, соработници истражувачи, студенти и граѓани. Целта на акцијата беше да се поддржат студентите кои ги блокираат факултетите низ градовите во Србија

Собирот беше организиран пред Академијата за уметности во Нови Сад, а заврши пред ректоратот.

Во 11:52 часот, на загинатите на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември им беше одадена почест, а луѓето носеа транспаренти: „Се мора да престане“, „Генерален штрајк“, „Ветивте живот, донесовте смрт“, Студентите се нашата светлина во темнината“, „Мора да се одржи правната држава“, „Професорите со студенти“, „Нов бесплатен универзитет сега“ и „Професорите полагаат пред студентите“.

Масата луѓе кои од Медицинскиот факултет се упатија кон Академијата за уметности не можеа да стигнат до тоа место поради големата гужва од бројните граѓани кои ја подржаа протестната прошетка.

Протестна прошетка на студентите во Нови Сад фото: (BETAPHOTO/DRAGAN GOJIC)

Колоната од илјадници граѓани беше долга најмалку три километри.

На вчершаниот  протест во Белград  пред зградата на РТС, налсовен како  „Нашето право да знаеме се“ се проценува дека имало од 53.000 до 55.000 луѓе, соопшти Архивата на јавните собири.

Оливера Ковачевиќ фото: Нова рс

Според одделни објави, дел од вработените како и дел од познатите  новинарски имиња вработени во РТС им дадоа подршка на студентите објавувајќи:

„Работниците на РТС се со студентите“

;

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот