Протестите на „Ивент индустријата” ставени во мирување, в сабота на средба со Битиќи

Скопје, 24 февруари 2021 / Фото: Драган митрески - Слободен Печат.

Претставниците на „Ивент индустријата” кои три дена протестираа пред Владата денеска добиле покана од вицепремиерот Фатмир Битиќи да се сретнат и да разговараат за изнаоѓање решенија за помош на овој сектор.

Асоцијација ИВАП попладнево соопшти дека средбата со Битиќи е закажана за во сабота во Владата во 10 часот.

Наведуваат дека заради желбата за прогрес и изнаоѓање на прифатливо и одржливо решение за помош, од утре протестите ќе ги стават во мирување. Нивното повторно обновување ќе зависи од текот на разговорите и од евентуалното решение кое ќе биде постигнато.

Организаторите на протестите на „Ивент индустријата” велат дека се свесни за економската состојба на државата, но укажуваат оти тие се една од најзагрозените гранки како последица на корона-кризата, и затоа бараат поголема помош и поддршка од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот