Протестите го принудија претседателот на Еквадор да ја напушти престолнината

Фото: Принтскрин

Илјадници Еквадорци денеска протестираа во главниот град Кито, од каде претседателот Ленин Морено го премести својот кабинет поради антивладините протести и судири.

Таа 17-милионската јужноамериканска држава е погодена од тешка криза и парализирана од затворањето на јавниот превоз и блокади на патиштата.

Во Еквадор насилството трае со денови, а почна минатата недела по одлуката на Морено да ги намали субвенциите доведе до нагло зголемување на цената на горивата. Додека противниците ја обвинуваат владата на Морено за кршење на човековите права, тој објави на државната телевизија дека неговата влада, соочена со закани, се преместува од Кито во пристанишниот град Гвајакил.

Морено рече дека тој е „цел на обид за пуч”, но нема да се откаже од укинување на субвенциите, како дел од договорот со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Морено повика на дијалог за решавање на кризата и го обвини неговиот левичарски претходник Рафаел Кореа дека се обидува да го дестабилизира Еквадор со помош на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Еквадорската влада минатата недела прогласи вонредна состојба што му дозволува да ги ограничи граѓанските слободи. Кабинетот на Морено соопшти дека 570 лица биле уапсени за време на демонстрациите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот