Протестираат ученички од исламско училиште во Тетово, бараат државата да го признае како средно

Ученички во тетовското исламско училиште „Иса Бег“ на протест / 22 септември 2021 / фото: АлсатМ/принтскрин

Стотина ученички од женската медреса „Иса Бег“ во Тетово маршираа до Муфтиството на ИВЗ во градот, за да го искажат своето незадоволство од непризнавањето на ова теолошко училиште како средно, објави Алсат.

Тие бараат од муфтиството да го реши овој проблем, бидејќи и покрај тоа што завршуваат четиригодишно образование, потоа не можат да се запишат низ универзитетите во земјава. Ученичките, кои на протестот излегоа заедно со нивните родители, сакаа да поднесат барање и во тетовското Муфтиство, но наидоа на затворени врати.

„Дали медресантите можат да се запишат во јавни и приватни универзитети по завршувањето на медресата како и сите ученици? Секако одговорот е НЕ. Нашите барања Ријасетот на ИВЗ во нашата земја, Министерството за образование и Владата ги игнорираат. Денеска маршираме сите за да го слушнете нашиот глас. Доста беше. Сакаме правда, сакаме еднакво образование како и сите наши врсници,“ вели Нусрет Илјази, родител на ученичка во медресата.

„Можете сами да видите, протестот беше најавен вчера, муфтијата и заменикот беа известени, но гледате дека архивата е затворена, нема кому да му го поднесеме барањето. Но, нема да останеме на ова. Ќе продолжиме“, рече тој.

Одлуката за акредитација на „Иса Бег“ во министерството била одобрувана неколку пати, но без никакво објаснување, потоа била поништена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот