Протести во Виена поради рестриктивните мерки

Виена, Австрија протест ковид-19 коронавирус
Протести во Виена / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Илјадници луѓе денеска протестираа во Виена против ограничувањата наметнати во различни сектори од јавниот живот, чија цел е да се спречи ширењето на Ковид-19.

Австриската Влада минатиот месец соочена со секојдневно зголемување на бројот на новозаразени, првата во Западна Европа  повторно го воведе карантинот и најави задолжителни вакцини од февруари.

Демонстрантите носеа транспаренти „Јас сам ќе одлучам”, „Повторно да ја направиме Австрија голема” и „Нови избори”, што е одраз на политичките превирања со кои се соочија дури тројца премиери во изминатите два месеца.

Парламентарната комисија претходно го одобри предлогот за двојно зголемување на карантинот на 20 дена.

Австрија, со 8,9 милиони жители, има пријавено речиси 1,2 милиони случаи на Ковид-19 и над 12.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Бројот на новозаболени постепено се намалува откако беше воведен карантинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот