Протести во Тајланд: Повредени десетици демонстранти

Фото: EPA-EFE/NARONG SANGNAK

Десетици демонстранти беа повредени во насилните антивладини протести во Тајланд, информира локалната брза помош. Полицијата денеска потврди дека пукала со гумени куршуми, првпат од почетокот на протестите во минатата година.

Судирите избувнаа вчера, а полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите кои маршираа кон воената база во Бангкок, барајќи од кралот Махе Вајиралонгкорн да престане да издава директни наредби на армијата.

Демонстрантите фрлаа шишиња кон полициските барикади.

– За првпат користевме гумени куршуми. Тоа беше неопходно за да се запре насилството, изјави денеска началникот на полицијата во Банкок, Пакапонг Понгпетра.

Политичкото движење на младите бара оставка од премиерот Прајут Чан-Оче и бара реформа на власта во монархијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот