Протести во Софија: Излегоа и поддржувачите на Борисов и оние на Радев (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/Facebook/Novini.bg

Во Софија вечерва се одржаа два митинга, едниот за поддршка на владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на премиерот Бојко Борисов, а другиот за поддршка на бугарскиот претседател Румен Радев.


Приврзаниците на Радев се пред зградата на Министерскиот совет (Владата) во Софија и бараат оставка од премиерот Борисов.

ГЕРБ преку соопштение информираше дека по завршувањето на митингот, автобусите со нивните приврзаници биле нападнати, но оти нема повредени.

За нападот ги обвинија приврзаниците на Радев и побараа од претседателот да „ги отповика платените провокатори”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот