Протести во Пакистан по одлуката на Индија за Кашмир

Фото: Принтскрин

Ширум Пакистан се одржуваат протести откако Владата соопшти дека најостро ги осудува уставните промени во Индија за регионот Кашмир.

Во Музафатабаду, главниот град на пакистанскиот Кашмир, што се наоѓа околу 45 километри од спорната граница со Индија, десетици демонстранти носеа црни знамиња, транспаренти со пораки против Индија и палеа автомобилски гуми.

Протестите избија по одлуката на индиската Влада да ја укина автономијата на Кашмир, чиј еден дел е во Пакистан.

Претходно, пакистанската Влада на Твитер објави дека „Индија „стрелаше“ во основните човекови права на граѓаните на Кашмир со отповикување на членот 370. Исто така наведе дека одлуката на Њу Делхи е кршење на резолуциите на Обединети нации.

И шефот на пакистанската дипломатија Шах Мехмуд Куриеши на Твитер ја осуди одлуката на индиската Влада. Тој додаде дека Исламабад ќе заземе цврст став на средбите со претставниците на меѓународната заедница.

Со претседателски указ Индија денеска го укина членот 370, уставна одредба што гарантираше специјалниот статус на Кашмир, договорен пред неколку децении. Претседателот на пакистанскиот дел од Кашмир, Сардар Масут Кан ја отфрли индиската одлука и предупреди дека во таква ситуација Индија „може да влезе во војна со Пакистан”.

Џаму и Кашмир се состојат од три региони: хиндуистички Џаму, муислимански Кашмир и будистички Лаках.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот