Протести во Минск, уапсени петмина студенти (ФОТО+ВИДЕО)

Илјадници демонстранти денеска повторно се собраа во Минск на протест против резултатите од претседателските избори во Белорусија.

Според активисти за човекови права, петмина студенти биле уапсени.

Белоруски студенти на протест во Минск со транспаренти „Уметност против лагата и насилството, Вистината не може да се сокрие“/ Фото:EPA-EFE/STRINGER

Полицијата влезе во зградата на Државниот јазичен институт во Минск за да ги растера демонстрантите, кои се собраа да изразат солидарност со претходно уапсените колеги.

Пред неколку дена Универзитетот ги предупреди студентите дека ќе повикаат полиција доколку не престанат со протестите против реизборот на претседателот Александар Лукашенко.

Белоруски студенти шетаат низ центарот на градот со знамето на опозицијата за да ја покажат својата солидарност со политичките затвореници, претепаните активисти на опозицијата за време на протестот против официјалните резултати од претседателските избори во Минск, Белорусија/ Фото: EPA-EFE/STRINGER

Илјадници студенти учествуваа на протестите низ целата земја на 1 септември, првиот ден од учебната година, како дел од бранот протести против победата на Лукашенко на изборите на 9 август, за кои опозицијата тврди дека биле наместени.

Прочитајте и...  Фаучи: Се уште не е доцна да се спречи ширењето на ковид-19 во САД

Поврзани вести

#EdgarsChristmas (Божиќот на Едгар): Посебна божиќна реклама за оваа невообичаена година

СП.

Турција седум дена по ред бележи црни рекорди со коронавирусот

И.И.

Лекарската комора ќе пресече дали имало лекарска грешка во случајот со 41 годишната пациентка во Штип

Мицотакис: Процените се дека првите вакцини во Грција ќе пристигнат пред крајот на годината

И.И.

Пожарите во Австралија уништија половина од островот Фрејзер, кој е под УНЕСКО

И.И.

Предлог за измени на собранискиот Деловник: Алијанса на Албанците и Алтернатива поднесоа над 300 амандмани на

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian