Протести во Минск против кандидатурата на Лукашенко за шести мандат

Лукашенко/ Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Околу илјада демонстранти се собраа денеска во Минск на протести против кандидатурата на белорускиот претседател Александар Лукашенко за нов, шести мандат на претстојните избори. Тоа е најголем опозициски протест оваа година во Минск.

Повеќето демонстранти носеа влечки како симболичен одговор на повикот на организаторот на протестот да ја „згазнат бубачката”.

Полицијата, која често ги разбива опозициските протести, денеска не се судри со демонстрантите.

На изборите кои се закажани за 9 август, Лукашенко, кој се наоѓа 25 години на власт, ќе се кандидира за шести мандат.

Демонстрантите носеле заштитни маски, иако шефот на државата ја нарекува загриженоста поради коронавирусот „психоза”.

Белорусија има потврдено над 36.000 заразени случаи со коронавирус, околу 75 отсто повеќе отколку во соседна Украина, чија популавија е четири пати поголема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот