ПРОТЕСТИ ВО КАТАЛОНИЈА: Фудбалското „Ел класико“ го одбележаа судири меѓу демонстрантите и полицијата

Фото: EPA/David Borrat

Каталонските сепаратисти организираа протести во околината на стадионот Камп Ноу во Барселона каде што се играше фудбалскиот натпревар помеѓу Барселона и Реал Мадрид.

Уапсени се девет лица, а полицијата ги растера демонстрантите со фрлање пена. Протестантите, пак, фрлаа кон полицијата стаклени шишиња.

Организатор на прфотестот е групата „Цунами демократик”, на која се придружија илјадници лица кои носеа знамиња на Каталонија и транспаренти со порака „Шпанијо, седи и разговарај”.

Демонстрантите се собраа во близина на стадионот неколку часа пред почетокот на „Ел класико”, но до сериозни судири дојде за време на натпреварот.

Екипите на Барселона и Реал Мадрид одиграа 0:0 во одложениот дуел од десеттото коло на Ла Лига.

Ова е прво „Ел Класико” без гол по 17 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот