Протести во Израел: Над 450.000 ширум земјата против владините судски реформи

Фото: Твитер, @TreyYingst

Голем број Израелци вечерва излегоа на улиците за да протестираат против владините судски реформи, а за време на протестите имаше немири во Тел Авив.

Полицијата употреби водени топови. Организаторите тврдат дека во Тел Авив излегле 230.000 луѓе, додека „The Times of Israel“ ја пренесува публикацијата на „Channel 12“ во која се тврди дека 165.000 луѓе присуствувале на протестите.

Организаторите, исто така, велат дека на протестите низ земјата излегле 450.000 луѓе, а според последните информации, немирите избувнале во Тел Авив, каде полицијата употребила водени топови за да отстрани демонстранти кои го блокирале автопатот Ајалон.

Ќе излезегуваме на улица додека државата не ни вети дека Израел ќе остане демократски, велат организаторите.

Реформата во судството, предложена од новата влада предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху, ќе биде една од најрадикалните промени досега во израелскиот систем на владеење, бидејќи ќе ги ограничи овластувањата на Врховниот суд, ќе и овозможи на Владата да избира судии и да стави крај на назначувањето правни советници на министерствата од државата.

Нетанјаху, кому му се суди за корупција, тврди дека неговиот план за реформирање на судството ќе ја унапреди демократијата.

Во Израел со месеци се одржуваат граѓански протести против најавената реформа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот