Протести во Грција поради Аја Софија: Камбаните бијат во знак на жалост, знамињата на половина копје (ВИДЕО)

За Истанбул/Константинопол/ Цариград велат дека е „папокот на светот“. С

Протести ширум Грција се одржаа денеска поради одлуката Турција да ја претвори Аја Софија во џамија. Турција неодамна го поништи 86-годишниот статус на Аја Софија како музеј, и соопшти дека таа ќе биде отворена денеска за муслиманско богослужење. Во истиот момент кога таа е отворена за верниците, се огласија црковните камбани во знак на жалост ширум Грција, а знамињата се спуштени на половина копје, пишува Еуроњуз.

Поглаварот на грчката црква, архиепископот Ероним Втори ја нарече пренамената од музеј во џамија „постапка која му пркоси на Бога“, додавајќи дека денеска е „ден на жалост во целиот христијански свет“.

Патријархот вечерва ќе служи посебна литурција во текот на која се очекува  православниот акатист да ја запее химна посветена на дева Марија, молитва која се верува дека го заштитила Константинопол во текот на отоманската опсада, а првпат е испеана во 626 година, во знак на благодарност кон светицата.

Грчкиот премиер изјави денеска дека она што се случува со Аја Софија не е „манифестација на моќ, туку знак на слабост“.

Десетици верници и туристи кои дојдоа во Истанбул да присуствуваат на првата молитва во Аја Софија, откако е претворена во џамија, денеска предизвикаа еден помал инцидент кога провалија низ полицискиот кордон за да се приближат до зградата.

Во исто време, мерките против ширењето на коронавирусот се запоставени. Илјадници обожаватели и туристи ги окупираа улиците околу џамијата, а многумина спиеја во шатори недалеку од светиот објект.

За Истанбул/Константинопол/ Цариград велат дека е „папокот на светот“. Се наоѓа на географско, цивилизациско и политичко трусно подрачје меѓу Европа и Азија. Веќе во 1483 година тоа место го краси огромна градба, која и самата е симбол на сите сличности и разлики.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот