Протести во Ѓорче Петров против објект до самата пруга

Жители на населбите Ѓорче Петров и Дексион во општина Ѓорче Петров денеска со протест искажаа незадоволство од изградба на објект до самата пруга, укажувајќи дека тоа е  спротивно на законот кој предвидува оддалеченост од 20 метри.
Со протестот тие бараат од Општина Ѓорче Петров да почне да работи на терен, да  гo расчисти и да не го поддржува, како што велат,  урбаниот хаос.  Протестот го организирaа жители од улиците „Знеполе”, „Македонска преродба”, „Ѓурчин Кокал”, „Радушка” и „Црногорска”. 
Од градоначалникот Александар Наумоски и Советот на Општина тие побараа изградба на канализациска мрежа  на улиците „Радушка” и „Црногорска”, асфалтирање на улицата „Радушка”, која веќе една година е раскопана, асфалтирање и на улиците „Црногорска” и „Кузман Шапкарев”, како и остатокот од улицата „Знеполе”, како и отстранување на сите дивоградби кои се изградени без одобрение за градба и во близина на пругата, без да се почитува законското растојание од 20 метри. 

Граѓанската иницијатива информира дека протестите ќе траат се додека локалната власт не почне активно да работи и да расчистува со, како што велат, „урбаната мафија која царува” во нивната општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот