ПРОТЕСТИ ВО ФРАНЦИЈА ПРОТИВ „ЦРНИОТ ПЕТОК“: Демонстрантите блокираа автопат

Француски активисти го блокираа складиштето на „Амазон” јужно од Париз во знак на протест против Црниот петок, во услови на зголемено спротивставување на феноменот, за кој група француски законодавци бараат целосна забрана.

Демонстрантите од климатската група „Пријатели на Земјата” денеска поставија сено, стари фрижидери и микробранови на автопатот што води кон складиштето во Бретањ-сир-Орж. Пред портите држеа транспаренти „Амазон: За климата, за работни места, стопирајте го ширењето, стоп на хиперпродукцијата!”

Протестот заврши кога полицијата ги растера активистите. Се очекуваат нови протести пред Црниот петок.

Дел француски законодавци сакаат да го забранат Црниот петок, кој прерасна во глобален феномен, иако произлегува од американскиот празник: Денот на благодарноста, што се слави во четвртиот четврток во ноември, а по што има големи попусти во петокот.

Францускиот законодавен одбор во понеделникот усвои амандман со кој се предлага забрана за Црниот петок, бидејќи предизвикува „губење ресурси” и „прекумерна потрошувачка”. За тој амандман ќе се расправа идниот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот