Протести во Црна Гора: Владиката и свештениците на СПЦ во притвор, граѓаните на улица, полицијата удри со солзавец (ВИДЕО)

Протести во Црна гора/ ФОТО: Screenshot/RTCG

Вечерва во Плевља се собраа голем број граѓани кои излегоа на улиците во знак на револт поради апсењето на Јаникиј и свештеници на СПЦ, а иако меѓу демонстрантите имало и голем број деца, полицијата фрлила солзавец, на што граѓаните одговориле со камења.

По одбивањето на жалбата владиката Будимљанско- никшички Јоаникиј и осум свештеници од СПЦ да бидат пуштени од притвор, поголем број граѓани на Црна Гора излегоа на улица во знак на протест.

Граѓаните претходно вечерва се собраа пред Центарот за безбедност на Никшиќ откако Веско Пејак е повикан на информативен разговор, пишува „Вијести“. Полицијата вечерва фрли солзавец во текот на протестниот марш во Никшиќ.

Координаторот на партијата Алернатива, Никшиќанецот Веско Пејак, е повикан вечерва на информативен разговор во Центарот за безбедност на Никшиќ, поради статусот на Фејсбук, во кој денеска рече дека во 18 часот ќе биде во ЦБ Никшиќ, да го искаже својот револт поради апсењето на свештените лица.

Граѓаните ја гаѓаа полицијата со камења и скандираа, по што полицијата ги раздели граѓаните на групи.

Пејак се појави сам, но набрзо му се придружија уште десетина млади лица. Пред ЦБ Никшиќ потоа се собраа поголем број граѓани и скандираа „Не ги даваме светиите“, „Пуштете го владиката“ и пееја “Стана Црна Гора. Светијата мора да се брани“.

Граѓани се собраа и во центарот на Беране, од каде по улицата Милош Милишиќ се упатија кон зградата на полицијата и извикуваа „Не го даваме владиката“. Пред зградата на ЦБ се наоѓаа засилени полициски сили.

Вечерва околу 20 часот во Будва беше организиран мирен протестен марш, поради апсењето на епископот Јоаникиј и свештеник на СПЦ. Граѓаните се собраа во Стари Град и потоа тргнаа на марш кон зградата на општината. Граѓаните извикуваат „Не ги даваме светиите“ и „Не го даваме владиката“. Меѓу нив биле присутни и инспектори во цивил.

Солзавец во Плевља, повредени неколку полицајци

Вечерва во Плевља се собраа голем број граѓани кои излегоа на улиците во знак на револт поради апсењето на Јаникиј и свештеници на СПЦ, а иако меѓу демонстрантите имало и голем број деца, полицијата фрлила солзавец, на што граѓаните одговориле со камења.

Неколку полицајци се повредени од камења. Помала група граѓани и натаму се наоѓа во соседната улица. Во градот моментално е мирно.

Полицијата: Граѓаните ги нападнаа нашите службеници, фрлаа шишиња, камења и пиротехнички средства

Од управата на полицијата соопштено е дека вечерва во Плевља дошло до инцидент во кој насобраните граѓани ги нападнале полициските службеници со камења, стаклени шишиња и пиротехнички средства и така ги загрзиле животите на полицајците.

Соопштено е дека двајца службеници од Центарот за безбедност на Плевља се повредени.

„Во улицата Крал Петар дошло до собир на поголем број граѓани, спортивно на наредбите на Министерството за здравство за забрана на јавните собири. По повеќе предупредувања и наредби од полициските службеници, собраната маса не ги послушала наредбите и во правец на полицијата фрлала камења, шишиња и пиротехнички средстава. Полицијата употребила средство за принуда –  солзавец и насобраните граѓани се разишле. Голем број од насобраните биле маскирани и млади по возраст. Во тек е приведување на повеќе лица одговорни за инцидентите но и натамошни полициски мерки и дејства за идентификување и процесуирање на сите лица“, соопштија од полицијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот