Протести во БиХ за Нобеловата награда на книжевникот Хандке, нобеловиот Комитет нема да му го одземе признанието

Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Комитетот за Нобелова награда му одговори на „Здружението на жртвите од геноцид во БиХ“, кој протестираше против доделувањето на Нобелова награда на австрискиот книжевник Петер Хандке.

Комитетот за Нобелова награда во одговорот наведе дека ги прифаќа пресудите на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, но дека имаат различни ставови по прашањето за книжевната работа на Петер Хандке, пренсе „Фена“.

Претседателот на „Здружението на сведоци и жртви на геноцид“ Мурат Тахировиќ смета дека од писмото е видливо дека Комитетот ќе остане до ставот за Нобеловата награда на Хандке, кој негира дека во Босна и Херцеговина е извршен геноцид.

Тој за „Фена“ истакна дека не очекувал одговор од Комитетот, но најави дека ќе бидат истрајни во борбата за одземање на наградата.

„Здружението на жртви и сведоци на геноцид“ и движењето „Мајки од енклавата на Сребреница и Жепа“ на 5 ноември во Сараево огранизираа мирен собир пред амбасадата на Шведска, поради одлуката за доделување на Нобелова награда на Петер Хандке.

Нов протест е најавен за утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот