Протести во Белорусија: Нови 360 проведени демонстранти

Фото: EPA-EFE/STR

Повеќе од 360 лица беа уапсени во Белорусија за време на протестите поради ненајавената инаугурација на претседателот Александар Лукашенко. Илјадници Белоруси излегоа синоќа на улиците на Минск и други градови низ целата земја за чие растерување полицијата користеше палки и водени топови. Според белоруските медиуми, десетици граѓани добиле лекарска помош поради повреди.

Белоруското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека се приведени 364 лица од кои 252 во главниот град. Повеќето се наоѓаат во притвор во очекување на судење.

Антивладините собири продолжија и утрово и покрај синоќешните акции на полицијата. Стотици луѓе во Минск формираа синџири на солидарност во различни делови на градот и го нарушија сообраќајот, возејќи полека или застанувајќи и трубејќи во знак на протест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот