Протести против Нетанјаху: Барања за оставка на премиерот и повици за револуција (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Илјадници Израелци синоќа демонстрираа пред резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, со што продолжија редовните протести по укинување на ограничувачките мерки поради епидемијата на ковид-19.

Протестите беа прекинати минатиот месец, откако Владата воведе нови мерки за справување со вгториот бран на ширење на вирусот. Израелците не можеа да патуваат во Ерусалим на протести, туку можеа да учествуваат само во мали демонстрации на оддалеченост од најмногу еден километар од нивните домови.

Демонстрантите вчера се собраа во центарот на Ерусалим и тргнаа кон службената резиденција на Нетанјаху, носејќи транспаренти со кои бараа оставка и извикуваа „Револуција”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот