Протести на улиците во Мелбурн поради депортацијата на Ѓоковиќ

Фановите на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ бурно реагираа на конечната одлука на Судот.
Верните поддржувачи веќе се собраа на улиците во Мелбурн и протестираат против одлуката на Федералниот суд на штета на првиот светски рекет.
Ѓоковиќ според најавите во следните неколку часа ќе ја напушти Австралија, а причините поради тоа дополнителни ќе бидат објавени.
И во претходните денови фановите на Ноле ја даваа поддршката во обидот да го добие случајот против државата Австралија.
– Стоиме зад Новак, слобода на избор – се слуша во Мелбурн.
WATCH: Djokovic fans protest outside Australian Open https://t.co/1lI5cm3upQ
— Martin Ⓥ LFC (@kershaw_martin) January 16, 2022
Видео на денот