Протести и во другите градови во Србија: Демонстрантите блокираа улици во Ниш, Крагуевац и Нови Сад (ВИДЕО)

epa08534952 Riot police officers set up in front of the Serbian Parliament in Belgrade, Serbia, 08 July 2020. Thousands have gathered in front of the Serbian Parliament in Belgrade to protest the new measures to stem the spread of the SARS-CoV-2 coronavirus, which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Неколку илјади граѓани попладнево се собраа на плоштадот пред Градското собрание во Нови Сад, а во протетсот им се придружија студентите од студентските домови во градот.

Освен Белграѓани, вечерва во своите градови се собраа и граѓаните на Ниш, Крагуевац и Нови Сад.

Десетици Нишлии се собраа пред Собранието на Град Ниш и го запреа сообраќајот околу 19 часот. Доаѓањето на полицијата е дочекано со свирежи и повици „кучиња, кучиња“.

Од правец на плоштадот Крал Александар пристигнала поголема група момчиња од Ниш, некои свиреле со свирчиња, а други тропале со тенџериња.

Демонстрантите се собрале и во Крагуевац. На платото пред Градското собрание од 19 часот дошле граѓани за да го изразат своето незадоволство од властите во Србија.

Протест на граѓани вечерва поради најава за воведување на полициски час има и во Нови Сад на Плоштадот Слобода.

Неколку илјади граѓани попладнево се собраа на плоштадот пред Градското собрание во Нови Сад, а во протетсот им се придружија студентите од студентските домови во градот.

Долгата колона од демонстранти потоа тргна во марш низ градските улици. Граѓаните масовно се приклучуваат на протестот. Некои дури го напуштаат градскиот превоз и се приклучуваат во колоната. Песни за Косово и светителите се менуваат паралелно со левичарските песни и повиците за апсење на Вучиќ.

Група од пет млади лица, облечени во црни маици, фрлаа камења и петарди кон полициската патрола. Истата група млади луѓе подоцна со камења и петарди ја нападнаа и зградата на РТ Војводина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот