Протести и контрапротести поради гостувањето на Вучиќ во српската национална телевизија

Фото: Твитер/#1od5miliona

Симпатизерите на движењето „1 од 5 милиони“ и поддржувачите на опозицијата вечерва се собраа пред зградата на српската национална телевизија РТС, каде пристигна претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

На истата локација се собраа и поддржувачи на владеачката Српска напредна партија (СНС) на Вучиќ, кои извикувале „Ацо Србине“ и навреди на сметка на лидерот на опозицијата, додека приврзаниците на опозицијата упатувале навреди на сметка на претседателот на Србија, пренесе „Блиц“.

Според информациите од „Политика“, на протестите и контра-протестите, едно лице од неидентификувана група нападнала припадник на здружението „1 од 5 милиони“. Момчето кое е нападното додека снимало со камера не е повредено.

Пред РТС на повик на здруженијата „1 од 5 милиони“ и „Заедно за Србија“ се собраа по најавеното гостување на Вучиќ на јавниот сервис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот