Протест во Киев: Повредени 40 полицајци

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Околу 40 полицајци се повредени во судир со учесниците на денешниот протест на претприемачи во Киев, кои се обидоа да постават камп со шатори во центарот на градот. Повеќето полицајци се здобиле со изгореници на очите, а еден од нив ја изгубил свеста по удар во главата, соопшти полицијата. Во моментов нема извештаи за повредени меѓу демонстрантите.

Претставниците на бизнисот во Украина денеска ги продолжија своите протести во владиниот кварт во Киев. Тие бараат укинување на деловните ограничувања воведени во врска со карантинот и повлекување на одлуката за воведување на фискални каси.

За време на митингот, демонстрантите се обидоа да постават камп со шатори, но полицијата заплени неколку по што настана судир, јави агенцијата ТАСС. Демонстрантите употребија чадни бомби, кои ги фрлија кон полицијата.

Полицијата презема превентивни мерки за воспоставување ред. Сепак, имаше периодични вербални препукувања меѓу граѓаните и полициските службеници, соопшти полицијата.

Тие предупредија дека полицијата, во рамки на своите овластувања, веднаш ќе реагира на какво било незаконско постапување. Патролната полиција соопшти дека во врска со масовниот собир, сообраќајот во центарот на Киев е ограничен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот