Протест во Грција: Блокираа автопат во знак на револт за сместување на мигранти во локален хотел

Фото: EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Неколку стотици жители на приморско одморалиште во централна Грција денеска накратко го блокираа главниот автопат во знак на протест поради одлуката за сместување на деца и тинејџери на мигранти во локален хотел.

Полицијата соопшти дека не интервенирала и оти блокадата била мирна и траела помалку од еден час.

Протестот се случи на 170 километри северозападно од Атина, во место во кое е сместена група на деца и тинејџери без придружба.

Демонстрантите, на кои им се придружи и градоначалникот, го блокираа сообраќајот во правец на Атина, изразувајќи на тој начин загриженост дека дел од мигрантите би можеле да се позитивни на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот