Протест во Берлин против рестрикциите поради епидемијата на Ковид-19

Во Берлин денеска се одржува протест против рестриктивните мерки воведени за борба против коронавирусот, под наслов „Крај на пандемијата – Ден на слободата”.

Свирејќи со свирчиња и извикувајќи пароли, насобраните луѓе, од кои само мал број носеа заштитни маски, прошетаа од Бранденбуршката капија пред протестот што ќе се одржи на поширокиот булевар.

Демонстрантите носеа плакати со пароли „Корона, лажна тревога” и „Принудени сме да носиме муцки” и „Природна одбрана наместо вакцинација”. Демонстрантите извикуваа дека нема да дозволат одземање на нивната слобода.

Во Германија во изминатите 24 часа регистрирани се 955 новозаболени со Ковид-19, што е најголемдневен пораст од 9 мај.

Пандемијата во Германија главно е ставена под контрола, но властите изминатите недели предупредуваат на голем број нови случаи на зараза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот