Протест во Белград: Сообраќајот блокиран на повеќе локации, за власта противзаконски потег и малтретирање граѓани

Source: N1

Протестот поради најавата за отворање рудник за литиум проект наречен „Јадар“ од страна на рударската компанија „Рио Тинто“ започна нешто по 19 часот во Белград, организиран од еколошки здруженија од Србија.

Сепак еден дел од граѓаните кои излегоа да го изразат својот револт упаднаа на главната железничка станица во Белград, Прокоп.

Source: N1
Source: N1

Ја блокираа пругата и развиорија големо знаме на Србија. Засега се се одвива без инциденти.

Насобраната група на главната железничка станица вели дека добиле информација дека голем полициски конвој се движи кон железничката станица во Нов Белград.

„Ако се крене една палка, ќе одиме по пругата до железничката станица Нови Београд. Ако тие употребат сила, ќе го сториме и ние“, изјави за „N1“ активистот Иван Бијелиќ од неформалната група студенти и млади „Борба“. Тој додаде дека ова е порака до сите што се на власт, вклучително и до Ивица Дачиќ.

Source: N1

„Луѓето кои се најзагрозени од овој проект побараа да се донесе закон за трајно прекинување на експлоатацијата на литиум и бор во Србија. И рекоа, ако тоа не се случи, ќе одиме на блокади. Таа блокада почнува вечерва на пругите на Србија“, најави активистот Никола Ристиќ.

Тој додаде дека железницата на Србија е информирана и дека сообраќајот е блокиран.

Втората група од протестот пристигна на станицата во Нов Белград. Најавија дека ќе ја блокираат и пругата.

Организаторот на протестот Златко Кокановиќ изјави дека двете блокирани железнички станици се избрани како единствени две точки на железничкиот сообраќај во Белград.

Меѓувреме министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ изјави дека министерството наредило железничките линии од Нови Сад до Белград да се скратат до железничката станица Земун за да не се загрози безбедноста на патниците кои ги користат возовите.

Весиќ ова го соопшти откако учесниците на протестот против најавата за ископ на литиум и компанијата Рио Тинто ги блокираа железничките станици Прокоп и Нови Београд и најавија дека против учесниците во блокадата ќе бидат поднесени тужби за оштета.

Тој изјави дека група хулигани вечерва насилно ги блокирале железничките станици Прокоп и Нови Београд, со што е прекинат редовниот железнички сообраќај.

– За утре се планирани 60 тргнувања на возови од Железничката станица Прокоп и се очекуваат околу 10.000 патници. Доколку хулиганите продолжат да ги блокираат овие железнички станици, ќе мора да се откажат сите планирани поаѓања, а граѓаните кои купиле билети за утрешните поаѓања нема да можат да патуваат – напиша Весиќ на Инстаграм.

Министерот апелираше да се прекинат железничките блокади и изјави дека претседателот Александар Вучиќ и Владата вложиле многу напор за изградба на Железничката станица Прокоп, како и за реконструкција на железничката станица Нови Белград, како и за изградба на брза пруга до Нови Сад.

Вучиќ свика состанок поради протестот против ископот на литиум

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот