Протест во Барселона: Посетата на шпанскиот крал и премиерот ги крена на нозе каталонските сепаратисти

Фото: EPA-EFE/Alejandro García

Неколку илјади каталонски сепаратисти денеска демонстрираа низ улиците на Барселона против посетата на шпанскиот крал Фелипе Шести и премиерот Педро Санчез. Американските медиуми оценуваат дека со овој израз на незадоволство, тие ги продолжуваат тензиите меѓу Каталонија и централните шпански власти.

Полицијата постави барикади околу железничката станица, каде кралот и премиерот присуствуваа на доделување на награди од областа на економијата.

Посетата на водечките шпански лидери на градот доаѓа на помалку од две недели откако регионалниот каталонски лидер, Ким Тор, беше сменет од функцијата со одлука на Врховниот суд на Шпанија. Судот го отстрани бидејќи ги прекршил изборните закони на земјата, кога одбил да ги отстрани транспарентите од јавните згради, на кои биле испишани пораки за поддршка на затворените сепаратисти.

Уште синоќа помали групи се собраа и палеа фотографии на кралот, но не дојде до поголеми судири со полицијата, како што тоа беше случајот во 2018 година, кога Санчез одржа седница на шпанската Влада во градот.

Каталонското сепаратистичко движење, кое според американските медиуми, има поддршка од околу 7,5 милиони луѓе, сака овој шпански регион да го прогласи за независна држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот