ПРОТЕСТ ВО АЕРОДРОМ: Учениците од „Блаже Конески“ сакаат игралиште, а не кафеана

Учениците и родителите во ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром денес протестираа против одлуката да се уништи игралиштето и на негово место да се изгради градинка. Се апелираше до градоначалникот да ја почитува желбата на жителите и да најде друга локација за градинка.

Градоначалникот на Аеродром Златко Марин дојде на протестот. Родителите му предложија детската градинка да се гради на местото на кафеаната која беше изградена пред неколку години во училишниот двор. На ова градоначалникот одговори дека одлуката тука да има детска градинка ја донело претходното раководство на општината, а дека кафеаната не може да се дислоцира бидејќи има уште две години договор за концесија. Сепак Марин дал рок од две недели во кој ќе се преиспита одлуката.

Како што веќе објавивме со изградба на градинката училиштето ќе остане без единственото игралиште како и без двор во кој може децата да играат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот