Протест против владината репресија на Шри Ланка

Масовни антивладини протести во Шри Ланка / Фото: EPA-EFE/CHAMILA KARUNARATHNE

Стотици граѓани на Шри Ланка денеска протестираа против владината репресија и примената на Законот за вонредна состојба против демонстранти.

Протестот го предводеа верски и синдикални лидери. Демонстрантите во Коломбо одржаа протестен марш и најавија повеќе барања до властите. Меѓу другото, тие побараа да се укине вонредната состојба, да нема апсење на мирни демонстранти и веднаш да се распушти Парламентот.

Тие се незадоволни од претседателот Ранил Викремесинге, кој Парламентот го избра да го доврши мандатот на Готабаја Раџапакса.

По масовните протести поради колапсот на економијата, Раџапакса побегна од земјата и поднесе оставка преку електронска пошта.

Новиот претседател, Викремесинге ги овласти војската и полицијата да ги растурат камповите на демонстрантите и да ги уапсат оние, кои за време на немирите учествувале во заземање на претседателската палата и зградите на други институции.

Тој денеска го посети Генералштабот и им се заблагодари на војниците кои го штителе Парламентот, каде демонстранти се обидоа да влезат минатиот месец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот