Протест против онлајн настава во Куманово: Ако може да работат игротеки и ноќни клубови, можеме и ние на училиште

Фото: mia.mk

Ученици од Куманово денеска излегоа на мирен протест и побараа настава со физичко присуство во училиштата. На протестот учествуваа ученици кои следат настава на македонски и на албански јазик. Учениците и дел од родителите на протестот велат дека онлајн наставата не е соодветна, нема услови за непречено одвивање и нема да ги даде посакуваните реаултати.

Учениците, но и некои родители кои го подржаа протестот, кажаа дека дел од нивните врсници немаат опрема за следење на наставата и сакаат да се вратат во училишните клупи, бидејќи сметаат дека онлајн наставата нема да ги даде посакуваните резултати, но и дека не секој ученик има уред за таков вид на настава. Учесниците на протестот нагласија дека не може да има ковид-19 само во училиште и посочија дека цело време работат ноќните клубови и кафулиња.

Во изјавата за медиумите учениците велат дека не е исто да се следи настава онлајн и со физичко присуство, професорите велат дека повеќе внимание посветуваат кога наставата се изведува со физичко присуство, а нагласија дека како млади луѓе сакаат да ги поминат средношколските денови заедно.

Поддршка за учениците стигна и од нивните родители. Тие велат дека не може секој да си дозволи интернет, лап топ, дека ако веќе се е отворено, игротеки, кафе барови, стопанство, зошто не е дозволено децата да следат настава во училиште со протоколи.

– Од ковид-19 според вас, не може да се зарази во сите тие кафулиња и ноќни клубови каде што народот е еден до друг и милиметар не ги дели, а во школо тоа може? – Ако веќе сте решени за онлајн настава зошто не обезбедите лап топ и интернет на сите? – Што мислите ние имаме средства? Нашите родители не се милионери и бизнисмени. Што да кажеме за практична настава? – Немаме обезбедено превоз, сами се снаоѓаме“ рече Дамјан Петрушевски, еден од организаторите на протестот.

Средношколците најавија деќа ќе организираат протести и во наредните денови, се додека не се промени одлуката на Комисијата. Протестот беше организиранн преку социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот