Протест пред претседателската палата во Чиле, демонстрантите со пчели ја нападнаа полицијата

unsplash
Пчели, Фото: Архива

На вчерашните протести пред претседателската палата во главниот град на Чиле, Сантјаго приведени се четворица пчелари, а седум полицајци биле каснати од пчели и побарале лекарска помош,  пренесува Ројтерс.

Пчеларството во Чиле е погодено од долготрајна суша, што трае од 2010 година. Пчеларите побараа помош од државата, како и средба со претседателот на Чиле, Себастијан Пинеро.

Пчеларите пред претседателската палата поставија околу 60 кошници со околу 10.000 пчели.

Претсатвник на чилеанското Министерство за земјоделство изјави дека Владата повеќе месеци им помага на 20 заедници кои се погодени од сушата.

Сушите и зголемувањето на температурите поради климатските промени ја загрозуваат светската популација на пчели. Во студија од 2020 година објавена во списанието „Сајнс” (Science) се наведува дека популацијата на пчели во една генерација се намалила за околу 50 проценти во Северна Америка и за 17 отсто во Европа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот