Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Скопје денеска под блокада од 12.30 часот до 14 часот

Довчерашните протести на опозицијата против политиките на актуелната владеачка гарнитура, особено кон Бугарија, од денеска прераснуваат во блокада на Скопје. Низ улиците на главниот град, според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, автомобилската протестна поворка ќе биде од 12.30 часот до 14 часот на рута од Министерството за надворешни работи до Владата.

– Заев молчи и не кажува за што се преговарало на тајните разговори во Софија овој викенд. Според нас, Заев сакал да прифати ретуширана историја, откажување од јазикот и македонското малцинство. Тоа значи дека Заев е спремен на ново предавство. Молкот на премиерот во заминување, но и на Димитров, на Османи, на Шекеринска, на цела влада и на цел СДСМ, гласно говори дека оваа однародена власт преговара за идентитетот, за јазичната и национална посебност, за историјата и за антифашистичките столбови на македонската државнос, е наведено во дописот на опозициската партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот