19 C
Скопје

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред МЗ: Филипче, извади ја кацигата, поднеси оставка

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протест пред Министерство за здравство од  кој побара оставка од министерот Венко Филипче. На протестот актерот Роберт Вељановски истакна дека се спротивставаат на неправдите, штетите и трагедиите кои ненародната власт предводена од СДСМ ги прави врз граѓаните.

– Она што требаше да го направат резултира не само со губење на човечки животи, туку и со разорување на македонската економија. Цели стопански гранки зависат од имунизацијата. Угостителите, туристичките работници, конфекциите не работат. Не работат ни македонските театри, македонските музичари се на работ на егзистенцијален колапс, индустријата за организирање настани е пред дефинитивен банкрот. Наместо да се развозувате со премиерот и свитата на вашите скапи мотори, да отворате и затворате хотели на една ноќ, додека обичниот народ не може да преживее од први до први, доблесно е барем еднаш да го повлечете вистинскиот потег. Денес, пред да тргнете на викенд со омилениот ви премиер, извадете ја кацигата, погледнете ја реалноста и поднесете оставка – рече Вељановски.

Пратеничката  Јадранка Поцкова порача дека министерот не покажал никаква грижа за граѓаните, па нема веќе ниту образ да излегува пред нив.

– Се собравме да кажеме не на погрешните политики на Венко Филипче и власта. Се собравме да им дадеме поддршка на здравствените работници. Од самиот почеток на пандемијата укажувавме дека истите здравсвени работници ги немаат основните услови за работа, ракавици, маски, мантили и скафандери, но власта на Филипче не обвинуваше дека шириме лажни вести и го деморализира народот. За жал на крајот дознавме дека Македонија нема да добие помош од Солидарниот фонд 530 милиони евра од ЕУ затоа што Македонија не направила доволно расходи во време на првиот бран на ковид-кризата, односно државата со негрижата кон здравствените работници и граѓаните не се квалификувала за да добие помош од Солидарниот фонд – рече Поцкова и додаде дека  граѓаните се вакцинираат со вакцини кои се од донации.

– Власта постојано има оправдувања и дежурни виновници па се правдаат дека имало голем број заразени и во соседните земји и таму за жал некој ја губел битката со вирусот. Но, едно забораваат во развиените земји процентот на вакцинирани е голем и таму крајот на пандемијата се гледа. Ја потсетуваме денеска власта дека сме на 118 место од 122 држави по број на вакцинирани, на листата сме заедно со Египет, Уганда, Екваторијална Гвинеа и други. Не можаме да кажуваме цифри на заразени веќе затоа што од ден на ден се менуваат со голема бројка, народот веќе  не може да го издржи притисокот од црната Ковид статистика, а истата е депримирачка – порача Поцкова.

Таа праша што се чекало досега за да се намали цената на чинење на здравствените услуги во приватните болници.

Поврзани вести

Муслиу за СП: Македонија може да стане и членка на САД, имаме опции кон Западот

„9 Мај“ – нов парк во Аеродром

Слободен печат

Итно ќе се вакцинираат пациентите на дијализа и тие што имале трансплантација

Мирослава Бурнс

Филипче: Во Грција од 14 мај со негативен ПЦР тест или со потврда за вакцинација

Слободен печат

Октомври е оптимален период за имунизација на 70 отсто од граѓаните, вели премиерот

Слободен печат

Заев: Дијалог може да носи резултати, но не очекувам ништо за 27 април

Слободен печат

Остави Коментар