Протест на партијата Величие пред Уставниот суд/Фото: Фејсбук

Протест на „Величие“ пред Уставниот суд на Бугарија заради одземените гласови

Приврзаниците на бугарската партија „Величие“ денеска излегоа на протест пред Уставниот суд на Бугарија.

Партијата за 21 глас не влезе во Народното собрание на последните парламентарни избори во октомври минатата година.

Пред уставниот суд во Софија членовите и приврзаниците на партијата скандираа „не сме фантоми“, но Судот досега не донесе никакво решение.

Досега Уставниот суд не донесе одлука по нивните тужби за нерегуларности на изборите.

По назначен графолошки преглед и отворање на вреќите во речиси 20 отсто од сите секции, од судот на тужителите им беше овозможен пристап до материјалите од 19 до 21 февруари заклучно со 21 февруари, а странките ќе можат да поднесат изјава за прегледаните материјали до 25 февруари 2025 година.

Потоа се очекува одлука од судот.

Уставниот суд ги прифати на разгледување сите пет жалби за делумно и целосно поништување на октомвриските избори, обединувајќи ги во еден единствен предмет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот