ВИДЕО | Протест на угостители и музичари во Скопје: Помошта што ја добиваме е недоволна, бараме посебен сет за нас и дозвола за работа

Скопје, Општина Автокоманда, 19 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Угостители, музичари и сопственици на фото-студија денеска повторно излегоа на протест во Скопје во знак на незадоволство од петтиот владин пакет на анти-кризни мерки за кој испорачаа низа забелешки.

Скопје, Општина Автокоманда, 19 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

– Сакаме да изразиме незадоволство од петтиот пакет мерки. Ние имаме забрана за дејност. Од наши средства даваме плати и бараме да се укине член 14 од уредбата со која се забранува организирање на прослави на затворено и на отворено. Ние сме единствена земја од регионот што не доби протокол за работа. Бараме да се направи пакет мерки само за нас. Сакаме посебни пакет мерки за рестораните за свадби и ноќните клубови и затоа што сме субјекти кои се 100 посто погодени од ковид пандемијата. Ние сме единствените субјекти на кои им е забранета примарната дејност од првиот ден на пандемијата и покрај сите дописи и состаноци со Владата не наидовме на слух од другата страна. Помошта што ја добивме не е доволна. Во прва фаза не бараме да ни се дозволи да организираме традиционална македонска свадба, туку да работиме како а ла карт рестораните. Дали е доволно да добиеме помош од 10.000 евра, а имаме ресторани од 1.000 квадрати, прашува Перица Голомеиќ сопственик на ресторанот „Рагуза“.

Продолжение на протестот ќе има и во понеделник во исто време и на иста локација во главниот град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот